Кој е наједноставниот начин да бидете среќни?

Има толку многу големи текстови, анализи и истражувања за тоа што значи да се биде среќен и како да се биде среќен. Томови книги се напишани и посветени на среќата и нашата потрага по неа. Филозофите со векови се обидуваат да го одговорат ова прашање.

Постојано читаме за различни точки и подточки кои треба да ни ја откријат големата мистерија на среќата. Можеби очекувате големи зборови и мудри мисли, но овојпат тоа нема да се случи.

Овојпат ќе ви го откриеме наједноставниот начин да бидете среќни и тоа со наједноставно објаснување.

Според филозофијата Суфи, самиот чин на седење до ваш пријател или личност којашто ја сакате е неопходен за среќа. Можете да седите во тишина и да не правите ништо. Можете да се гледате, а може и да не се гледате – тоа е ваш избор.

Во секој случај, личност чувствува внатрешно задоволство во таква ситуација, затоа што тие се опкружени со луѓе со кои се чувствуваат удобно. Тие повеќе немаат потреба да бараат нешто со коешто ќе се окупираат и не мораат да ја пополнат празнината со звук. Седењето во тишина и чувствувањето на присуството на пријател или сакана личност е доволно за да бидете среќни и исполнети.