Кога ќе ти биде потребна помош, научи добро да ги набљудуваш луѓето

 

Тоа сознание може да биде скапоцено. Токму во тој момент ќе откриеш какви се луѓето и најдобро ќе ги прочиташ. 

Немој да те залажува твојот став за луѓето кои си ги стегнал во моментите кога ти било добро, кога си имал пари, кога си нижел успеси на различни полиња, затоа што тоа што тогаш го зборувале и правеле луѓето е повеќе заради она што си го правел и постигнувал, отколку она што навистина си бил.

Кога ќе ти биде потребна помош во животот, научи добро да ги набљудуваш луѓето затоа што тие немаат само едно лице, туку стотини маски кои ги користат во различни ситуации. Кога ќе ти биде потребна помош во животот научи добро да ги набљудуваш луѓето затоа што најдобро ќе видиш дека луѓето се разликуваат. Тука се делат на оние кои ќе ти помогнат без приговори и оние кои ќе ти поставуваат услови и ќе ти бараат дополнителен интерес за тоа што ќе ти помогнат. Ќе видиш дека оние моќните, кои многу имаат, кои се преправаат дека се добри, набрзо ќе исчезнат, а ќе остане шака луѓе кои се твои вистински пријатели. 

Кога ќе ти биде потребна помош во животот, ќе доживееш вистинско изненадување, помешано со шок. Прво ќе те изненадат оние од кои си очекувал помош, а исчезнале без трага, а потоа позитивно ќе те изненадат оние кои ти помагаат, а не си го очекувал тоа од нив. Тоа сознание нека биде показател за тоа во која насока ќе оди твојата иднината, кои луѓе ќе ги цениш, а од кои ќе го кренеш сидрото и ќе тргнеш во нов живот без нив.

~ Марио Жувела