Кога губиме родител, губиме дел до својата душа

Ако некој од вашите родители не е веќе дел од овој свет, знаете дека сте искусиле неподнослива болка. Времето минува, болката некогаш се намалува, но чувството на празнина останува низ текот на целиот живот.

Љубовта и поврзаноста со родителите е нераскинлива. Таа останува засекогаш и тогаш кога родителите не се тука.  Тогаш сфаќаме дека не сме дете, кога и да се случи тоа пребрзо растеме и созреваме. 

Со нив создаваме многу спомени, тие се тука за нас низ текот на целиот живот, а заслужни се и за многу наши успеси и среќни моменти. Растеме и на нив гледаме како да се непобедливи личности кои секогаш ќе бидат покрај нас, но не е така.

Тогаш сфаќаме колку е важно семејството и како никој на светот нема да нè сака како тие луѓе. Тогаш се соочуваме со загубата која никогаш не бледнее. Тие секогаш ќе недостигаат, особено за најсреќните и најтажните моменти во нашиот живот. Најтешки се празниците како Божиќ и Велигден, кои секогаш ќе нè потсетуваат на семејната среќа.

Денот кога ќе ги снема од нашиот живот ќе сфатиме колку сме ги сакале.