Карциномот на кожата ако се открие навреме, третманот може да биде успешен - годишно се регистрираат по двесте нови случаи

Карциномот на кожата ако се открие навреме, третманот може да биде успешен. Може најлесно да се превенира, а неговата појава може да се спречи со менување на навиките и избегнување на директна изложеност на сонце, порачуваат докторите. Годишно се регистрираат по двесте нови случаи.

Мај е месец за подигнување на јавната свест за заштита од ракот на кожа. По тој повод, Министерство за здравство и Универзитетската Клиника за пластична и реконструктивна хирургија денеска на Медицинскиот факултет организираат  трибина на тема „Предизвиците во третманот на најчестиот карцином - ракот на кожата“, информира ресорниот министер Венко Филипче на неговиот ФБ профил.

Покрај министерот Филипче на трибината ќе се обрати и директорката на Универзитетската Клиника за пластична и реконструктивна хирургија д-р Софија Пејкова, а ќе учествуваат доктори од неколку клиники и институти.