Каква личност им е потребна на хороскопските знаци?

Иако постојат многу нешта кои влијаат на нашиот карактер, желби и потреби, сепак и хороскопскиот знак има одредено влијание на тоа како се чувствуваме и кои се нашите потреби во животот.

Овен

Овенот има потреба од страст, возбуда. Тие бараат личност која ќе може да се носи со нивниот авантуристички дух и која нема да се плаши од нивната дива страна. Тие сакаат искрена личност која ќе им каже кога грешат и која ќе може да го истрпи нивниот недостаток на трпение и понекогаш луд карактер.

Бик

Биковите имаат потреба од постојаност. Тие бараат личност која ќе ги држи во рака и која ќе заспие и ќе се разбуди со нив. Тие копнеат по личност која ќе го препознае нивниот труд и напори и која е храбра, со цврсти рамења и силни раце. Тие бараат личност која ќе ги одбрани од сите и која ќе ги фати во прегратки кога и да паднат.

Близнаци

Близнаците бараат смеа и хумор, некој кој нема да им дозволи да спијат навечер бидејќи животот е убав и не вреди да се помине во спиење. Тие бараат личност која ќе ги слуша додека зборуваат и која ќе ги следи кога и да посакаат да се забавуваат. Истовремено, бараат и личност која ќе ги разведри кога се тажни и која секогаш ќе прави напор тие да се насмеани.

Рак

Раковите бараат пријателство и поддршка, некој кој се грижи за нив како што тие се грижат за сите оние кои им значат. Тие бараат личност покрај нив која ќе им помогне да се чувствуваат дека се важни и дека се дел од нешто голема, некоја важна приказна. Тие бараат личност на која ќе и бидат потребни и која ќе направи жртва за да ги зачува покрај себе и покрај нивната пречувствителна страна.

Лав

Лавовите бараат личност која ќе им се восхитува. Тие бараат личност покрај себе која никогаш нема да мирува и  која ќе разговара со нив за нивните цели и соништа. Претставниците на овој знак имаат голема потреба од личност која ќе може да се носи со нивното его и која ќе направи да се чувствуваат како да се центар на светот.

Продолжува на следната страна...

Девица

Девиците бараат лојалност и постојаност и личност која ги исполнува своите ветувања. Тие сакаат луѓе на коишто можат да се потпрат и луѓе на коишто можат секогаш да сметаат без оглед на тоа дали станува збор за мал разговор или пак големи планови. Во нивната глава, иднината е многу важна и затоа тие не бараат луѓе кои се тука само за кратко.

Вага

Вагите копнеат по хармонија и мир. Тие бараат личност која е опуштена, отворена, фина и која кон другите се однесува културно и со почит. Тие обрнуваат внимание на малите нешта и тоа е она што ќе ги задржи во врската.

Скорпија

Престставниците на овој знак бараат моќ и контрола. Тие бараат партнери кои ќе имаат помала моќ од нив, но кои ќе им бидат посветени постојано. Тие исто така имаат потреба од директна и искрена личност, бидејќи не сакаат да губат премногу време на луѓе кои се шегуваат или не ги земаат работите за сериозно.

Стрелец

Стрелците имаат потреба од оптимизам и позитивност, некој кој верува во позитивните нешта и кој не троши премногу време во анализи и филозофирање. Тоа се луѓе кои никогаш нема да ве сакаат ако направите да се чувствуваат лошо во врската. За нив љубовта е голема работа на која обрнуваат многу внимание и затоа им е важно да минуваат време со таква личност.

Јарец

Јарците бараат личност која е храбра и амбициозна, некој кој е грижлив и одговорен и кој не донесува избрзани, беспотребни одлуки. Тие сакаат внимание и бараат личност која постојано ќе им покажува зошто се избрани од неа.

Водолија

На водолиите им е потребна емпатија. Тие сакаат да бидат сфатени од другите. Тие имаат потреба од личност која ќе се заљуби во нивната слободоумност и креативност, но и личност која ќе ја почитува нивната желба за слобода. Водолиите копнеат за личност која ќе го цени и почитува тоа, наместо личност која ќе ги обвинува дека не даваат доволно внимание и дека живеат во свој сопствен свет.

Риби

Рибите имаат потреба од трпение и смиреност. Тие бараат личност која знае дека нивното срце е на вистинско место и која нема да ја злоупотреби нивната чувствителност. Претставниците на овој знак копнеат по личност која ќе ги разбере кога емотивно се изразуваат и која нема да се откаже од нив во моментот кога ќе направат некаква грешка.