Како ги повредуваме своите деца, а не сме ни свесни за тоа?

Сè што правиме во животот  има влијание на нашите деца. Ако детето расте во доверба, тоа исто така ќе има доверба во другите, ако тоа добива љубов и поддршка, тие стануваат внимателни и грижливи.

Сепак, постојат некои ненамерни грешки кои родителите често ги прават, а кои ги повредуваат децата.

Не ги разбираме

Да се потсетиме на своите тинејџерски години и првите грешки. Нашите родители често нè прекоруваа, а ние се лутевме на тоа. Исто така, и кога тие ќе се заљубат, тргнувајќи од своите сопствени искуства, им велиме дека  ќе имаат многу љубови, но за нив првата љубов е најважната работа на светот.

Не им даваме поддршка

Секогаш давајте им поддршка на своите деца, без оглед на тоа колку нереални да изгледаат. Кажете им дека можат да ги совладаат сите пречки доколку доволно силно сакаат нешто и ако се посветени на исполнување на своите желби и цели.

Ги споредуваме со другите деца

Споредбите се најлошото нешто што можете да го направите за своите деца. Што сакаат родителите да постигнат кога ги кажуваат ваквите зборови, дека другите деца се подобри од нивното? Тоа може да биде страшно за психологијата на секое дете.

Викаме и губиме контрола над себе

Често можеме да ги видиме родителите како губат контрола и им викаат на своите деца. Но, таквите зборови долго создаваат ехо во детските глави. Кога ќе го кренете тонот гласно, само забележете го изразот на лицето на детето и нивните престрашени очи.

Ги игнорираме

Голем дел од родителите се зафатени со своите обврски, па дури и со технологијата и социјалните мрежи, не обрнувајќи премногу внимание на своите деца. Со игнорирањето, децата почнуваат да мислат дека не се должни за нашето внимание и се затвораат во себе.