Како да се ослободите од паразитите во вашиот живот?

Секогаш треба да знаете што сакате во животот!

Кога не знаеме што сакате во животот, тогаш другите навлегуваат во нашиот живот и го развлекуваат онака како тие сакаат. Знаете ли што навистина сакате од животот? Иако мислиме дека знаеме и дека тоа прашање е бесмислено и дека нашата цел ни е јасна, но кога ќе се најдеме на површината на нашите стравови, сомнежи, двоумења, несигурности, тогаш почнуваме да се прашуваме каде е стабилно, каде ќе биде бидеме сигурно, зошто да се изложуваме на опасности кога можеме да живееме во својата сигурна зона. Тогаш почнуваме да поставуваме уште илјада прашања и сфаќаме дека всушност и не сме баш најсигурни за тоа што навистина сакаме.

Не го претрупувајте својот живот со премногу луѓе!

Кога го натрупуваме својот живот со многу луѓе затоа што се плашиме да останеме сами, секогаш во него ќе се провлече и по некој непожелен човек. Затоа барајте ја близината само од оние кои имаат душа, луѓе покрај кои се чувствувате добро и на кои не морате ништо да им зборите и објаснувате. Оние кои сакаат да ве разберат, ќе ве разберат и без докази. Оние кои сакаат да ве прифатат, ќе ве прифатат и без да танцувате на нивниот ритам. Но, во тие односи морате да вложувате. Тука нема пречки, тука секој ден мора да се живее искрено и без глумење. Но, таквите односи се единствените кои преживуваат и остануваат!

Секогаш кажувајте го она што го мислите!

Кога молчиме и проголтуваме работи во себе, многумина мислат дека можат да одат и да прават што сакаат со нас. Понекогаш на луѓето морате јасно да им кажете до каде е границата, затоа што заслужувате да живеете пристоен и квалитетен живот, а не можете да го направите тоа, доколку покрај вас има луѓе кои постојано шират негативна енергија. Понекогаш морате да им кажете што мислите за да ја смирите својата совест, затоа што вистината е поважна од лажно смешкање. А кога ќе им ја кажете вистината, ќе видите како се намалува листата на блиски луѓе.

Бидете свои

Кога сте свои, многу тешки луѓе сами ќе си отидат, затоа што не можат да поднесат да не биде по нивно. Не се прашувајте што треба да правите, престанете да им робувате на општествените норми на кои другите сакаат да бе потчинат и правете го она во кое уживате и бидете опкружени со луѓе со кои ви е убаво. Во тренд секогаш е да живеете живот по своја мерка, а не како другите сакаат да живеете. Не смеете да им дозволувате на другите да се однесуваат лошо со вас и подобро да минувате време сами со себе отколку со некои покрај кои ќе се чувствувате осамено. Чувајте го вашиот мир со тоа што ќе го живеете вашиот живот, а од некои луѓе едноставно оддалечете се.