Како да израснеме здрави и среќни деца?

Замислете ја следната ситуација : Имавте тежок ден на работа, вашиот шеф се однесува неразумно, вашите колеги се однесуваат дрско. Имате конфликт со својата мајка и одвај чекате да одите дома да му кажете на својот партнер за денот кој го имавте. Сакате поддршка и емпатија.

Конечно стигнувате дома и вашиот партнер ве прашува: Како ти помина денот? Во обидот да одговорите, ја фрлате својата чанта  и врескате. Вашиот партнер оди кон вас и наместо прегратката која очекувавте да ја добиете, добивате прекор. Тој ви вели: Како можеш да врескаш така? Оди и седи мирна 10 минута, потоа може да зборуваме.

Како би се чувствувале? Сакате да се поврзете со својот партнер, но тој ве одбива. Претпоставуваме дека тоа нема да ве мотивира да бидете подобри. Сега замислете како им е на вашите деца кога ги прекорувате за тоа што го прават.

Доколку сте еден од оние родители кои постојано се прашуваат за тоа дали методите кои ги користат за воспитување се добри и ефективни, ова се три работи кои треба да ги имате на ум:

Не градете високи очекувања за своите деца

Голем дел од родителите сакаат да ги дисциплинираат своите деца бидејќи сакаат тие да ги исполнат нивните очекувања. Родителите треба да знаат дека тие немаат свесност за да се смират на истиот начин како возрасните, ниту пак да реагираат како нив. Децата често немаат способност нивните чувства и мисли да ги пренесат во зборови и затоа, тоа се пренесува во нивното однесување. Децата не се мини возрасни. Не треба ни да се однесувате дека се. Намалете ги очекувањата.

Повеќе време со нив

Лошото однесување е предизвикано од недостатокот на поврзаност со децата. Детето кое се чувствува несакано ќе се обиде да бара начин за да привлече внимание. Затоа, додека растат тие треба да бидат сакани и да се изгради нивната самодоверба за да се чувствуваат, но и да се однесуваат подобро. Времето кое ќе им го посветите треба да биде мирно и релаксирано. Не треба да мислите дека им правите голема услуга на децата кога им давате време, но и кога им ги пренесувате сите ваши фрустрации.

Бидете идол за вашето дете

Дел од родителите знаат да кажат „направи како што велам, а не како што правам“, но тоа е погрешно. Децата гледаат идоли во нивните родители и често се однесуваат на истиот начин како нив. Бидете особено внимателни како се однесувате пред нив. Ако постојано му викате на вашиот партнер, децата ќе научат дека викањето е нормална работа. Ако покажувате добро однесување и култура со луѓето кои ги среќавате, детскиот мозок ќе го впие тоа. Не очекувајте добра верзија од вашето дете ако и самите вие не сте добра верзија за нив.