Како да ги препознаете луѓето кои лажат?

Ако се сомневате дека некој не е искрен со вас вас, има неколку работи на кои треба да обрнете внимание, а кои можат да послужат како инстант детектор за лаги.

Photo by Annie Spratt on Unsplash

Обрнете внимание на нивното држење

Лажговците често се откриваат со нивното однесување. Често ќе се туркаат, ќе ги држат рацете до телото затоа што несвесно се штитат додека ве лажат.

„По правило, колку повеќе некој дозволува неговото тело да биде отворено, изложено, толку е поискрен. Тоа е затоа што ние сме физички поранливи кога нашето тело е повеќе изложено на надворешни влијанија“, објаснува психологот Џон Пол Гарисон. „Доколку забележите дека некој ја сменил положбата на телото и ги држи рацете поблиску до себе, можно е да ве лаже!

Забележете колку и како се движат

Ако се скаменети, тогаш дефинитивно нешто не е во ред. Честопати ќе ги држат рацете настрана, ќе седат многу мирни, ќе зборуваат полека и ќе ги сведат изразите на лицето на минимум, сето тоа затоа што сакаат да создадат лажна слика - дека се мирни и не лажат. Бидете внимателни бидејќи ова се знаци на искусни лажговци.

Обрнете внимание на нивната приказна

Освен ако не се искусни лажговци, можете да најдете пукнатини во приказната. Дали тие разговарале за тоа порано? Дали смениле важен детал? Ако се сомневате, слушајте внимателно што велат тие.

Навалете се кон нив

Лажговците веднаш ќе се повлечат. Ако личноста за која мислите дека лаже се држи подалеку од вас, тоа е сигурен знак дека нешто крие. Погледнете дали личноста ги прекрстува нозете, го врти грбот кон вас или ги става рацете во спротивна насока од вашата. Тие се непријатни, а телото така се брани.

Кимнување

Телото те издава кога лажеш и наједноставното движење на главата може да значи пропаст. Полицајците тоа добро го знаат, а поранешните службеници на ЦИА велат дека често се случува некој да каже „да“, но да клима со „не“.

Промени во однесувањето

Ако личноста која ве лаже е обично весела и зборлива, и наеднаш молчи - ова е уште еден знак дека ве лаже.

Верувајте си себеси

Ако сè друго не успее, знаете повеќе отколку што мислите. Понекогаш луѓето се многу добри во лажењето и не ни оставаат простор сами да го сфатиме проблемот. А сепак, ако имате чувство дека некој ве лаже, држете се за него бидејќи нашето тело има добри механизми.