Каде се Пајак службата и полицијата за вакви паркирања?

Уште еден од многубројните примери на несовесно паркирање фатено на дело и објавено во фејсбук групата „Ѕид на сообраќајниот срам“. 

Очиглено несовесниот возач успеал да се збута со половина возило на тротоар, но предниот дел од автомобилот останува на улица.  

- Каде е сега Пајак службата и полицијата? - коментираат граѓаните. 

- Супер си паркиран, уживај! - му порачаа иронично на овој возач.