Каде ја изгубивме добрината и кога заборавивме да бидеме добри и воспитани личности?

Живееме во време кое го нарекуваме модерно, кое е непредвидливо, динамично, а често и сурово. Слушаме за неверства, катастрофи, убиства.

Имаме чувство дека сѐ се случува брзо и никој ништо не нѐ прашува за тоа и мораме само да се приспособиме да живееме таков живот. И, во сето тоа забораваме да бидеме добри. Очекуваме од другите луѓе да се однесуваат добро и коректно со нас, но не мислиме дека и ние ја носиме таквата одговорност. Дека светот почнува од нас.

Секој од нас мора да започне од себе. Од својот дом, двор и улица. Од луѓето кои ги има околу себе. Ако не поправиме што гледаме и имаме во себе, тоа што ни прави и нѐ прави несреќни, не можеме да очекуваме светот да се менува околу нас.

Не е наша обврска само да одиме на работа и да се прибираме дома и одмараме. Не е обврска на нашите деца само да учат и да бидат послушни деца и успешни ученици. Нашата обврска е да бидеме љубопитни, да трагаме по вистината, да учиме добри вредности и да ги пренесуваме таквите вредности. Во оној момент кога ќе станеме лути на светот и на другите луѓе, не му пркосиме на светот туку на самите себеси.

Не мораме да освојуваме Нобелови награди, не мораме да патуваме на Месечината, доволно е да бидеме само добри луѓе – добри кон себе, кон своите соседи, колеги, случајни минувачи во нашите животи. Доволно е да учиме од лекциите, да се смееме, да се потрудиме да ги смениме лошите вести кои постојано ги гледаме во медиумите.

Да не дозволуваме светот со огромна брзина да ја губи убавината која ја има, која ја забележувавме додека бевме деца, а која не ја ни гледаме сега поради сите наши „обврски“. Не е толку тешко. Од човек на човек, сето така во круг.

new nike air max 2019