Гарванлиев: Во јуни својот избраник ќе го донесам во Македонија

 

Изминатиот период македонските медиуми беа преплавени со веста дека Васил Гарванлиев се верил. И тоа не било кај, туку во Америка. Со неговиот избраник, се препознале на прва, а неговото срце го освоил со едноставноста, но и анонимноста.Свадбата ќе биде наскоро, а во Јуни, ќе дојдат во Македонија, за семејството да се запознае со зетот.

Нема да бидат она кое што се, најгледан телевизиски естраден магазин веќе четиринаесет години „Бекстејџ“ ако не го побараа Васил и да ги  дозанаат информации од прва рака. Директно од Америка Васил Гарванлиев со искрена исповед во магазинот зад сцената.

Во интервјуто Гарванлиев вели дека партнерот го освоил со искрениот поглед без да знае кој е и што е. Додава дека верува во љубов и дека имал и лоши и добри искуства. 

Васил лани се натпреваруваше на „Евросонг“ и се пласира на претпоследното место во полуфиналето со скромни 23 поени (11 од телевоутинг и 12 од жири). Послаб резултат таа вечер имаше само Ирска со 20 поени.

Целото интервју со Гарванлиев погледете го следното видео: