„Каде беше инспекторатот да види како е можно толку членови на едно семејство да се вработени во Комунална хигиена“, вели Најчевска

Професорката Мирјана Најчевска реагира откако вчера Државниот инспекторат за труд наложи отпуштените работници од „Комунална хигиена“ да се вратат на работа.

- Каде беше инспекторатот да види како е можно толкав број членови на едно семејство да се вработени на исто место и како е можно толку луѓе да не одат на работа а да добиваат плата? Мислам дека сега треба Косана Мазнева да оди на суд и да побара отповикување на инспекторската одлука. Би свртела внимание на членот 87 од Законот за работните односи, објави Најчевска.

Синдикатите очекуваат Управниот одбор на ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје да ги поништи отказните решенија.