Златев: Не ми е јасно како метлари кои работат за минималец може да бидат мафијаши

Новинарот Љупчо Златев со став за актуелната состојба во Скопје со Комунална хигиена и тврдењата на градоначалничката Арсовска. 

- Прво не ми е јасно како метлари кои работат за минималец може да бидат мафијаши. Ајде тоа, на истиот прес Даниела Арсовска прво кажа дека имало 40 луѓе од исто семејство вработени во Комуналец, па 70 луѓе... На документот доказ кој го достави до медиумите за овие "семејни-мафијаши", од 1400 вработени има само 7 со исто презиме. Значи, вели дека се 40, па 70 а сите видовме доказ за 7. Со оглед на тоа што обично во Комуналец работат луѓе од посиромашни семејства (реално, освен поради сиромаштија зошто некој би работел таму за тие ниски плати???), тоа што 7 луѓе од едно семејство работеле во оваа фирма е далеку од неочекувано, вели тој во својата фејсбук објава. 

- Човек кој лаже и од 7 прави 70, по дифолт е човек кој е за нешто крив. Нередовното собирање на ѓубрето во градот не е од вчера, туку е од моментот кога Косана Мазнева стана директорка на Комуналец. Го уништија секој можен сектор во градот, па сега измислуваат приказни за метлари-мафијаши, плус на тоа сакаат да налепат етничка етикета и преку етничка омраза да собираат поени. Никој не може на метлар да завидува.. реално да зборуваме... ДУИ ги уништува институциите, ама многу е изместени за 7 метлари човек да се фати... Престанете со овие глупости и одете си! - им порача на надлежните новинарот Златев.