ЈП ПОЦ: Санирани ударните дупки на паркиралиштето „Аутомакедонија“

Надлежните служби на Општина Центар денеска ги санираа ударните дупки на затвореното паркиралиште „Аутомакедонија“ со кое стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар и во соработка со ЈП „Комунална Хигиена“, паркиралиштето е целосно и темелно исчистено.


Паркиралиштето „Аутомакедонија“ се чистеше рачно со метли и пумпи, а потоа се вршеше и машинско миење со автоцистерни.

ЈП ПОЦ апелира до жителите да ја одржуваат чистотата и хигиената на паркиралиштето и доколку забележат несовесни граѓани кои ја уништиуваат животната средина да ги пријават во Општина Центар.

Оваа акција се спроведува веќе еден месец и целосно се исчистени паркиралиштата „Трготекстил“, „Соборен Храм“ и „Пролет“, а во наредниот период ќе бидат исчистени сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар“, се вели во соопштението на ЈП ПОЦ.