Отстранети 230 непрописно паркирани возила во Центар

ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ известува дека во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје минатата недела санкционираа 230 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Од нив 120 непрописно паркирани возила се отстранети со помош на специјалните возила „Пајак“, додека 110 возила се затекнати во резидентни зони, санкционирани со поставување на механичко средство „Блокатор“.

Од ЈП ПОЦ и Општина Центар велат дека континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар.