Јазикот мајчин нема кој да го изучува - Само 16 студенти запишани на Филолошки

Сѐ помал интерес за изучување на македонскиот јазик.

Поразителни податоци доаѓаат од Филолошкиот факултет во Скопје по првиот уписен рок за студенти за учебната 2022/23 година. На насоките „Македонски јазик“ и „Македонска книжевност и јужнословенски книжевности“, заклучно со вонредни студенти, се запишале вкупно 16 студенти, од слободни 190 места.

По оваа информација следуваа бурни реакции на социјалните мрежи.

-Јазикот мајчин како основа, нема кој да го изучува! Си ја губиме државата...

-После нема кој да напише трезвено соопштение? Епа ќе нема! 

-Еден професор има плата еднаква како продавач во локален маркет.

-Полека, но сигурно се губи основата за една држава, јазикот.

-Јазикот е нашата татковина, а ние сè помалку го знаеме и цениме. Би сакала повеќе луѓе да ја сфатат суштината и загриженоста.

Ова се дел од ставовите на Македонците.

Но, очигледно проблемот е многу поширок и повеќеслоен.

Некои сметаат дека не е до интересот, туку како завршуваат средно младите се одлучуваат да „го фатат патот“ во странство, надвор од држвата каде нивниот труд ќе биде ценет, а не со плата со која се издржува од 1-15. во месецот.

-Ниски плати земаат професорите по македонски јазик. Едноставно, не може да бидат исто платени како и локалните продавачи, смета една млада девојка која вели дека повеќето од младите веќе го направиле својот избор, со цел поперспективна иднина.