Билбордите на Османи и Таравари се спротивни на закон: Треба да гласат на македонски стандарден јазик

Политичката кампања во пресрет на двојните избори во земјава е во полн ек! Низ градовите веќе се појавија и билборди со промотивен материјал. Она на што се реагира е дека дел од промотивниот материјал, оној на политичките партии и претставници од албанскиот блок, е на албански јазик и напишан на латиница, што е споротивно на закон. 

На ова алармираа и од фејсбук страницата „Лектор по македонски јазик“. 

- Член 7 од Законот за употреба на македонскиот јазик:

"Задолжително се лекторираат на македонски стандарден јазик и на неговото кирилско писмо: плакати, летоци, проспекти, транспаренти, рекламни табли, реклами на излози или друг вид рекламен материјал во физичка форма на правните лица."