Јавниот превоз во Скопје утре со неделен возен ред, Жичницата ќе работи подолго

Од ЈСП Скопје информираат дека дека утре, среда, поради празникот 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред.

Жичницата ќе работи два часа подоло, а дежурни ќе бидат две билетарници.

Од 7 до 14 часот ќе работат билетарниците: на Транспортен центар и во Ѓорче Петров. 

Од утре, Жичницата ќе работи два часа повеќе од досега, односно од 10 до 20 часот. Од 19-19.30 часот е последно возење од долу кон врвот, додека во 19.45 часот е последно возење од врвот надолу. Работното време е согласно со Одлуката за работно време на Жичницата во период мај – септември.