Излезност по изборни единици: Најголема во третата, најмала во шестата

Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски на првата прес-конференција денеска ја соопшти и излезноста за парламентарните избори по изборни единици.

Најголема излезност до 9 часот, има во третата изборна единица, додека најмала во шестата.

Изборна единица 1 – 4,85 проценти
Изборна единица 2 – 3,64 проценти
Изборна единица 3 – 6,26 проценти
Изборна единица 4 – 5,72 проценти
Изборна единица 5 – 4,41 проценти
Изборна единица 6 – 2,24 проценти