Избувна пожар во близина на познат ресторан во Скопје

Противпожарната бригада на Град Скопје испрати едно возило на локација зад познатиот ресторан „Њу Стар“ во Визбегово, објави „Плусинфо“.

Пожарот избувнал околу 12 часот зад ресторанот, а по интервенцијата на пожарникарите е ставен под контрола.

Од противпожарната бригада информираа дека биле запалени гуми.