Искористете го вашето знаење за решавање на сите проблеми и остварување на сите животни цели!

За да можеме да го научиме целото наше знаење за подобрување и разубавување на нашето секојдневие, потребно е да се соочиме со своите стравови и најголеми тајни и да станеме најдобра верзија на себеси. Прочитајте како да стекнете вештини за менување на животот и остварување на своите најголеми цели...

Знаењето е моќ, барем така велел Френсис Бејкон. Но, дури кога нашето знаење ќе стане вештина со која ќе можеме да го менуваме нашето секојдневие и околностите во кои живееме, дури тогаш во нашите раце ќе имаме вистинска вредност. Па затоа, учењето на различни техники и одење на работилници и училишта има смисла само кога тоа знаење ќе го претвориме во искуство.

Работата на себе може да има многу значења. Се почесто слушам од повеќе страни и во различни ситуации нешто од типот: „Работам на себе“. Тоа и не ме чуди со оглед на тоа дека нам ни се понудени се повеќе можности, работилници, училишта, пристапи – од нови и иновативни, до класични – кои можат да ни дадат нови знаење.

Тие ни овозможуваат да тргнеме по нови патишта во животот, да ги откриеме своите квалитети и да ги зајјакнеме, да ги промениме навиките или да се запознаеме подобро себеси. Меѓутоа, можат да направат да залутаме. Кога ќе се случи тоа, сета таа работа на себе ќе почнеме да ја доживуваме како стил, дури и смисол на животот, а притоа стекнатото знаење воопшто не го ни применуваме. Живеејќи го илузијата дека го имаме тоа знаење, мислиме дека сме подобри од тоа што сме и тоа го пренесуваме на другите.

Се додека тоа знаење не се претвори во вештина, мала е можноста за напредок. За знаењето, па и она во подрачјето за личен развој, да се претвори во вештина која го менува животот, потребно е многу преданост и вежбање.

Бидејќи ниту една промена не доаѓа доколку патењето не е доволно големо или целта доволно атрактивна, можеме да заклучиме дека нашата работа на себеси, каква и да била таа, е мотивирана од желбата да ја намалиме или отстраниме болката или од друга страна не привлекува целта која сакаме да ја  постигнеме.

Силна мотивација води кон остварување на желбите

Самата помисла на исходот кој го посакувам ми дава енергија да истрајам. Можеби тоа е мојата мотивациска стратегија. Ако тоа е така, ќе се однесувам слично во многу ситуации, така што ќе замислувам колку ќе биде добро доколку ја постигнам мојата цел. Но, за да се однесувам така. Морам да знам што сакам. Многумина го имаат токму тој проблем – знаат што не сакаат, но не знаат што сакаат.

Во таква ситуација промената можеби би се реализирала дури кога патењето ќе стане преголемо.