Инспекторите на терен, АХВ со засилен надзор на објектите во туристичките центри

Инспекторите на терен. АХВ со засилен надзор на објектите во туристичките центри. Со почетокот на летната сеозона покрај редовните, агенцијата и со вонредни контроли во рестораните, кафулињата, хотелите во местата каде има наплив на туристи.

Се проверуваат храната и пијалоците, а се чешлаат и зелените пазари.

Поради  најавата за повторно зголемување на температурите од агенцијата со препораки до граѓаните  како до  безбедна храна.

И од УЈП најавија засилен мониторинг. За да не се соочуваат со казни им препорачуиваат на субјектите  задолжително да издаваат фискални сметки.

Ланската година инспекторите од АХВ  спровеле над 80 илјади контроли на оператори со храна во внатрешниот промет и при увоз. Изречени биле 150 парични казни, 40 прекршочни и две кривични постапки

Како небезбедни од домашниот пазар се повлекле  и  поништиле  над 200 илјади килограми храна од животинско и од неживотинско потеколо, а на 26 пратки со храна им се забранил влез во земјава.