Има едни малечки очи...

Едни малечки очи те гледаат тебе, те набљудуваат постојано и преку ден и преку ноќ.

Постојат мали уши кои итро го пресретнуваат секој збор кој ќе го изговориш.

Постојат мали рачиња кои се нетрпеливи да го прават истото што го правиш и ти.

И мало дете кое сонува за денот кога ќе биде како тебе.

Ти си идол на малото човече.

Ти си најмудриот меѓу мудрите.

Во тоа мало мозоче нема ни сомнеж во тебе.

Предано и лојално ти верува.

Се држи до сѐ што ќе кажеш и направиш.

Како тебе ќе зборува и прави, за да биде како тебе кога ќе порасне.

Постои мало човече со раширени очи, кое верува дека секогаш си во право.

И неговите очи секогаш се отворени, те набљудува и навечер, но и преку ден.

Ти секој ден, со секоја постапка, му даваш пример на тоа мало дете кое чека да порасне за да биде како дете.