И вакви работи се случуваат, наместо за Пендаровски се потпишала за Силјановска

Интересна работа се случи вчера во еден од пунктовите каде се собираа потписи за еден од двајцата кандидати за претседател. Во видетото што се споделува на социјалната мрежа Х(Твитер) се гледа како жена се објаснува со неколку лица кои го регулираат процесот на потпишување. Главната причина била што жената наместо да се потпише за Стево Пендаровски по грешка се потпишала за Гордана Силјановска.

На сугестија на вработената дека веќе е готова работата, жената одмавнува со раката и кажува дека не доаѓа во предвид нејзинот потпис да биде впишан кај Силјановска.