„Ни се случува тешкото“ - Силјановска Давкова со коментар за орото на опонентите

Кандидатот за претседател од СДСМ, Стево Пендаровски, повторно се фати за оро за време на митинзите. Во Кавадарци му се придружи и носителот на листата за таа изборна единица, Венко Филипче.

На социјалните мрежи се појавија низа реакции за политичарите од СДСМ кои на митинг заиграа оро.

На митингот пееја Владо Јаневски и Кристина Арнаудова.

Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски претходно оро играше и во Берово. Тој изборниот караван го започна со средба со граѓаните на Македонска Каменица, а се сретна и поразговара и со жителите на Пехчево и на Берово.

Гордана Силјановска-Давкова синоќа од Кичево коментираше за играњето на оро на митингот на СДСМ. Кандидатката за претседател од редовите на ВМРО-ДПМНЕ рече дека во моментов на Македонија и се случува „тешкото“ оро.

„Над 70% од народот им вели водите погрешна политика, а овие си играат оро, но ни се случува „тешкото“ оро, ама нив тоа не ги допира, затоа што се однародени и оттуѓени“, рече Силјановска-Давкова.