И така доаѓа момент кога човек се буди...

И така доаѓа момент кога човек се буди. Кога ќе сфати дека работите не се баш онакви какви што ги замислувал. Кога ќе сфати дека ништо не е онака како што тој мислел дека е. 

Замислете дека сте живееле на некоја планета и одеднаш некој ве фрлил на Земјата и ви ги избришал сеќавањата. И сега одеднаш некој ви ги отворил очите. Ништо повеќе не е како претходно и вие, во целост, сте сосема поинакви. 

И додека го гледате светот околу себе, таа иста улица, тие минувачи на улиците, сепак, ништо повеќе не исто. Вие чувствувате толкава љубов во себе. 

И вие сте тој свет, таа улица и тој минувач. 

Вие сте дел од сѐ што постои. Сфатете дека можеби сте живееле во некој сон кој бил толку далеку од реалноста.

Сега сте се разбудиле. Среќни сте и исполнети. И сте тргнале да избирате поинакви работи. И сега го живеете овој живот како повторно да сте се родиле.

Зарем тоа не е прекрасно?