И денеска топло, од утре попладне драстична промена на времето

Времето денеска сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса во вторник попладне, во текот на ноќта, а особено во среда ќе има врнежи од дожд кои локално ќе бидат обилни во форма на невреме, проследени со појава на грмежи и силен ветер, најавуваат од УХРМ. 

Потоа и во следните денови ќе има повремени локални врнежи. Температурата од среда ќе биде во позначително опаѓање.