Хотелиерите заинтересирани за организирање одмор за работници со ниски примања – за два дена пријавени над 20 хотели

Хотелиерите да бидат добри домаќини на семејствата со ниски примања кои ќе одмараат на државен трошок. Да не ги злоупотребуваат потврдите кои ќе им ги издаде министерството за економија.

Односно да понудат квалитетна храна и услуга со реални цени,  и да бидат гостопримливи со гостите.

Од ресорното министерсство информираат дека за два дена на повикот се јавиле дваесет хотели. Тие побарале граѓаните кои ќе одат на одмор да добијат список со центрите за сместување и сами да го изберат местото каде сакаат да престојуваат. Уште 6 дена им остануваат на останатите сместувачки капацитети кои сакаат да се пријават.

Владата ја објави мерката на почетокот на месецов. На првите 4000 семјества со примања до 22 000 денари ќе им бидат доделени ваучери за одмор, во вредност од 15 000 денари.

Јавниот повик на кој ќе можат да се пријават семејствата ќе биде објавен на 15ти месецов и ќе трае најмалку 10 дена.

Бесплатниот одмор ќе може да се користи вон сезона и тоа до 5 работни денови.  Граѓаните ќе можат да одмараат во некој од достапните центри надвор од нивниот град. Ваучерот треба да се искористи до крајот на годината.