Груби: Руски агенти се обидоа да ја спречат изградбата на Коридор 8

Руски агенти се обиделе ја спречат изградбата на коридор 8, ова го изјави Вицепремиерот Артан Груби за Еуронеа Албанија. Тој дополни дека како координатор на овој проект лично спречил интервенција од хрватската компанија „ИГХ“ да ја саботира изградбата на овој коридор. Груби посочи дека во одборот на оваа компанија имало тројца руски агенти пренесува „Фактор“

Тој додаде и дека, според негови сознанија,постојат многу новинари и медиуми во Македонија кои се платени од Русија, повикувајќи се на германски извештај.

„Во РСМ има над три политички партии, од кои едната е парламентарна. Има невладини организации. Во германскиот извештај се зборуваше и за новинари кои се платени од Русија. Највознемирувачка за нас е руската интервенција во спречувањето на изградбата на Коридорот 8, преку хрватска компанија, која имаше најмалку три руски агенти во бордот. Македонија го почна Коридорот 8 од Скопје до Тирана, со ова се приклучуваме кон триаголникот, границите се елиминирани. Апликација за надзор имаше поднесено „ИГХ“ што го купи руски олигарх, но тие требало да ја спречат  изградбата на Коридорот 8, проект кој се чува во фиока над 32 години“, дополни вицепремиерот.