Граѓаните ги распалија печките: За неичистен оџак казна и до 5.000 евра

Ако се греете на дрва, јаглен или нафта, вашиот дом или трговски објект, со почетокот на грејната сезона во секој момент може да биде посетен од инспектори од Дирекцијата за заштита и спасување.

Доколку утврдат дека оџакот не е исчистен, за граѓаните следи казна која се движи од 1.000 до 2.000 евра, а за фирмите од 2.000 до 5.000 евра во денарска противвредност.

Чистењето на оџаците е задолжително за сите, без разлика дали се работи за станбен објект, куќа или пак јавна институција. 

На граѓаните кои не се приклучени на градско парно им советуваат оџаците двапати во текот на грејната сезона или еднаш пред грејната сезона да ги исчистат.

Цената на чистење на оџак зависи од неговата големина, па така средна цена на повеќето фирми кои ги чистат оџаците изнесува 150 денари за метар оџак.