Градоначалникот Ѓорѓиевски присуствуваше на литургија во црквата ,,Света Петка”,

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски на покана на покана на Поглаварот на МПЦ, Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан присуствуваше на литургија во црквата “Света Петка“

-“Денешниот ден, трет ден Божиќ е исто така значаен бидејќи се празнува голем светец, Св. Стефан, кој важи за заштитник на болните, сиромашните и старите и посебно ми е драго што нашиот народ во огромен број се собира во храмовите. Тоа е уште еден показател дека сме обединети и само така ќе опстоиме, заедно.Така беше и денес во црквата ,,Света Петка”, каде што ја примив Светата Причест и каде мирот, спокојот и љубовта беа присутни во текот на целата литургија“ напиша Ѓорѓиевски