Голема акција на полицијата, уапсени 17 затворски полицајци од затворот Идризово

Голема акција во која се уапсени 17 затворски припадници информираат утрово од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција

Минатата недела во затворот Идризово имаше голема полициска акција и претреси со специјалци. Тогаш беше потврдено дека се потрупани два тунели односно канали кои не се во употреба и за кои постоеле сомнежи за можно користење за бегство на затвореници.

Детали засега не се откриваат, а се очекуваат повеќе детали во текот на денот.