Голем дел од Ѓорче денеска без струја, еве каде ќе нема вода

Од ЕВН Македонија АД добивме известуваат дека денеска (четврток ) без електрична енергија ќе останат:

- во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од улиците број 2, 4, 6, 10, 12, 16, 18, 32, 34, 46, 54, 62, 64 и 84 во село Ново Село. (општина Ѓорче Петров)

- во периодот од 11.30 до 13.00 часот, корисниците од ул. Никола Тесла бр.16 и бр.18, како и корисниците од ул. Орце Николов бр.174. (општина Карпош)

- во периодот од 13.00 до 14.00 часот, корисниците од село Маркова Сушица лоцирани на почетокот на селото кај ресторанот (општина Студеничани).

Од ЈП Водовод и Канализација, пак, известуваат дека денеска (четврток ) поради реконструкција на водоводна мрежа од ф - 150 мм на ул. Ѓорче Петров б.б, во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат корисниците од населба Ѓорче Петров 2, како и дел од корисниците од ул. Борис Сарафов лоцирани на место викано Јурија (општина Ѓорче Петров).