Годишен хороскоп за 2016 година

Прочитајте што се крие во ѕвездите за 2016 година за вашиот хороскопски знак.

ОВЕН

Фокусот на претходната година беше насочен кон професионален развој и признавање во вашата кариера. Но, оваа година хороскопот носи акцент на  семејството и врските.

На почетокот на годината ќе можете да забележите нарушување на хармонијата во вашите интимни врски, кои ќе траат до март. Првите три месеци од годината ќе предизвикаат и проблеми во врската меѓу партнерите во врската, но и членовите на семејството. За мажите, тоа ќе се однесува и на начинот како ги гледате и третирате жените. Додека пак за жените, како ја изразувате женственоста и како сакате да бидете третирани.Но, сето тоа ќе придонесе за еволуција на врските на повисоко ниво и еднаквост во врските. Сепак, можни се и нови љубовни врски.

По 26 март следуваат похармонични и балансирани 6 месеци. Ќе се чувствувате емотивно исполнети и ќе чувствувате длабока емоционална сигурност во домот и во блиските врски. Дополнително поврзување можете да очекувате во врските и односите со врските до почетокот на септември.

Од 17 април до 30 мај ве очекува интересен период во вашиот љубовен живот. Некои од вас може да се соочат со сериозен проблем во изразување на нивните сексуални желби, но секој  претставник на овој знак ќе привлекува големо внимание кај спротивниот пол. Можно е навраќање на некои стари љубови во вашиот живот или пак навраќање на контакти од минатото. Можна е и љубовна афера или пак тајна романса.

Во периодот од 7 септември до 27 октомври ве очекува раст и среќа во вашето секојдневие. Ќе се јават многу можности за напредување и успешност на секое поле. Но, треба да внимавате да не очекувате премногу од другите.

Од 27 декември до крајот на годината ве очекуваат големи предизвици. Недостаток на социјални вештини и слабо расудување може да придонесе да влезете во непотребни конфликти. Ова е период на зголемен умствен стрес и нетрпеливост. Избегнете го аргументирањето бидејќи ќе предизвика повеќе проблеми од вообичаено.

 

БИК

Престојната година ќе донесе помалку активности од 2015, но ќе биде година на желби и многу замисли. Најголемиот успех ќе пристигне во последните 4 месеци.

На лично ниво, оваа година ќе ви донесе многу размислувања повеќе за другите луѓе отколку за себеси. Ќе се најдете во ситуација да размислувате за туѓите проблеми  и тажни судбини, а истовремено ќе бидете како магнет за другите луѓе и ќе бидете во центарот на дружењата и забавите.

Во вашиот живот ќе има повеќе хармонија, со нови врски и поголемо поврзување во постоечките врски и односи. Вашата гордост и самодоверба ќе бидат „омекнати’“ од вашата чувствителност.

Во текот на март ќе чувствувате дека добивате контрола над ситуациите и ќе се најдете себеси во позиција на моќ и авторитативност во групните собири.

Периодот од 28 април до 9 мај ќе донесе хаос и стрес во вашето секојдневие. Слична фаза ве очекува и во перидот меѓу 26 мај и 29 јуни. Ќе чувствувате агресивност и беспомошност, а физичките активности ќе ви бидат од голема помош во сиот тој хаос.

Во периодот меѓу 11 јуни и 3 јули ве очекуваат унапредувања во кариерата кои ќе водат кон зголемено богатство и моќ. Патувањата кои ќе се случат во овој период исто така ќе ви донесат нов поглед кон животот и ќе бидат запаметени како неверојатни животни искуства. Генерално, во овој период ве очекува многу задоволителна фаза.

По 1 септември ве очекува зголемување на вашата самодоверба, со што лесно ќе достигнувате успеси во професионалниот свет, но и ќе добивате поддршка од вашите претпоставени што ќе ви донесе многу моќ во вашата кариера.

 

БЛИЗНАЦИ

Иако можеби ќе се соочите со одредени предизвици во текот на оваа година, сепак ќе биде подобра од претходната. 

Ве очекува добар почеток на годината која ќе резултира со позитивна енергија и зголемена самодоверба. Првите три месеци од  2016 година се најдобри за правење напори за одреден напредок, особено на лично ниво.

Периодот меѓу 17 април и 30 мај ви носи позитивно влијание на вашите блиски односи со другите, намалувајќи ги иритабилноста и тензијата.

Среќен период ве очекува од 7 септември до 27 октомври кога ќе бидете полни со оптимизам и љубезност кон другите што ќе ги подобри и вашите односи со останатите.  

Од 23 мај до 30 септември ве очекува период на жалење и депресија кој ќе биде предизвикан од разочарувања и одредени откажувања. Можеби ќе се соочите со страв или параноја што ќе предизвика голема несигурност во вашето секојдневно функционирање.

Од 23 октомври до 25  декември доаѓа среќата за вас. Иако 2016 година ќе биде тешка година за вас, овој период ќе донесе многу среќа, оптимизам, но и позитивни можности.

 

РАК

Ве очекува година со повеќе предизвици од претходната. Сепак, многу можности за раст и среќа доаѓаат на почетокот на годината.

Почетокот на годината носи тензија и период кој ќе ја стави на тест вашата врска или пак блиско пријателство со одредена личност. Ќе се чувствувате тажни и сензитивни, со тензијата која ќе биде присутна во домот и семејството. Затоа, ќе биде важно да направите одредени компромиси за да ја одржите хармонијата во вашиот живот. Сето ова ќе трае до крајот на август.

Најдобриот период од годината за вас ќе биде времето меѓу 20 февруари и 20 јули, кога ве очекува зголемена среќа. Ќе ви бидат понудени многу можности  особено на полето на кариерата. Постои можност и за далеќно патување или пак студии кои ќе ги прошират вашите хоризонти.

Во текот на март ќе чувствувате силна посветеност на работата, но и желба да успеете. Во овој месец е можен голем успех.

Во периодот меѓу 17 јули и 11 септември ќе се јави голема среќа и задоволство од вашиот живот. Ќе бидете среќни и исполнети и на тој начин ќе привлекувате интересни луѓе околу себе.

Потежок период ве очекува во октомври и декември кога ќе се соочите со многу стрес, но најважно е да не ја трошите енергијата и својот талент на неважни работи.

 

ЛАВ

2015 за вас беше година на стекнување сигурност, додека оваа година е период кога ќе ги уживате плодовите од својата работа. Ви следи период на опуштање и хармонија. Одредено изненадување кое ќе се случи подоцна во годината ќе биде вашиот настан на годината.

Оваа година ве очекува позитивна хармонија и во професионалниот и љубовниот живот, но и зголемена емоционална чувствителност.

Во периодот меѓу 17 април и 13 мај ќе бидат зголемени вашите страсти и вашата желба за љубов, така што можна е романса која можеби ќе вклучи лица што веќе ги знаете или пак стари љубови.

Од 7 до 22 мај избегнувајте донесување на важни и големи одлуки. Тоа е така бидејќи влијанието на Меркур во овој период ќе влијае негативно на вашиот суд, намалувајќи ги вашите способности за рационално донесување одлуки.

Од 7   септември до 27 октомври ве очекува среќа и оптимизам, но и период кога многу лесно ќе ги добивате нештата кои ќе ги посакувате. Ве очекува и голема виталност на вашето здравје, но и емоционален баланс.

2016 ќе биде совршена година за купување имот или пак реновирање на вашиот дом.

 

ДЕВИЦА

Оваа година носи помалку настани за вас, но тоа е добро бидејќи 2015 беше навистина депресивна година за вас. Иако не ве очекува премногу, сепак можете да очекувате силна и продуктивна година, со најголемиот успех кој доаѓа околу вашиот роденден.

Оваа година ќе научите многу за себеси, и тоа нешто што се криело во вашата потсвесност. Со оглед на вашата природа, нормално е да се чувствувате несигурно и изложено пред другите,  а на моменти ќе се чувствувате како да сте поразени  и предадени од другите. Затоа, важно е да ја сочувате својата самодоверба.

Среќен период за вас ќе биде периодот меѓу 20 февруари и 20 јули кога ќе се чувствувате добро и ќе добиете повеќе можности за зголемување на заработката. Постои можност и за подалечно патување, дополнително образование или пак нова врска.

Големи предизвици ве очекуваат во периодот од 17 април до 30 мај, кога ќе се соочите со тензија и фрустрација која ќе ви одземе многу енергија. Но, за да го избегнете тоа важно е да имате повеќе физички активности и секс, кои ќе ви помогнат да се опуштите.

Септември ќе биде најсреќниот месец за вас, оваа година. Ќе придонесе за јакнење на вашата самодоверба, но и ќе ви донесе неколку настани кои ќе ве расположат. Ќе имате желба за дружење и излегување и ќе посакате да го прославите својот роденден на многу фин начин.

 

ВАГА

Оваа година ќе го живеете живот со сиот потенцијал и ќе можете да уживате во трудот од претходната година.

Периодот меѓу 5  до 18 јануари ќе ви изгледа како многу лош почеток на годината. Ќе се чувствувате оптеретени и нерасположени. Но, за среќа периодот нема да трае долго и затоа добро е да се обидете да издржите.

Најубавиот период ве очекува во септември кога ќе биде збогатен вашиот љубовен живот со интересни нешта. Ќе се чувствувате и многу емотивни, но и носталгични за вашиот дом, семејство или пак за некои стари пријатели.

Периодот меѓу март и септември става фокус на вашите интимни односи. Ќе се потрудите да воспоставите баланс во вашиот живот, особено меѓу животот и работата или пак пријателите и семејството. Одредени тензии можат да се јават и во вашиот однос со партнерот и затоа треба да бидете внимателни.

Од 17 април до 30 мај ве очекува подобрување на вашиот љубовен живот. Ќе имате силни романтични чувства, а слободните претставници на овој знак ќе бидат магнет за спротивниот пол. Можно е започнување на нова врска, но и храброст и сила да создадете солидна основа за тоа.

Во периодот меѓу 7 септемвир и 27 октомври ќе се чувствувате како центар на светот. Добро е да земете одмор и да минете време релаксирајќи се со оние кои ги сакате.

 

СКОРПИЈА

2016 година ќе биде уште една одлична година за вас, но за жал не толку добра како претходната. Оваа година ќе добиете поголема желба да се инволвирате во религија и спиритуалност и тоа ќе го чувствувате како потреба за водење поисполнет живот.

Оваа година ве очекуваат нови пријатели со специјална порака и добри вести. За вас ќе бидат особено важни и ќе ги прифатете на ист начин како и старите пријателства кои ви траат цел живот.

Иако најважен дел од 2016 година ќе биде вашиот професионален успех, сепак ве очекуваат и успеси на љубовен план.

Потежок период ве очекува од 28 април до 9 мај  што ќе придонесе за зголемување на вашиот стрес и збунетост. Ќе се обидете силно да аргументирате со другите луѓе, но за жал не секогаш ќе бидете во право.

Периодот меѓу 26 мај и 29 јуни ви носи зголемена страст, која можно е да донесе нова врска или пак силни чувства и сексуална привлечност во постоечките врски.

Во септември ве очекува зголемување на вашата самодоверба и го расчистува вашиот пат, оставајќи ве без пречки. Тоа ќе влијае на зголемување на вашата желба за да ги постигнете целите кои си ги имате поставено. Во овој период особено моќно ќе биде заздравувањето од болката од старите врски и скршеното срце.

 

СТРЕЛЕЦ

2016 ќе биде подобра година за вас од претходната. Најубавите нешта доаѓаат во втората половина на годината кога ве очекува успех на сите полиња.Сепак, во текот на оваа година Нептун ви носи ризик од преголемо идеализирање на луѓето и условите. Тоа ќе се случи особено ако навлезете во врски кои изгледаат премногу добро за да бидат вистинити.

Во периодот меѓу 20 февруари и 20 јули ќе ви се зголеми вашата желба за ослободување од одговорностите и ограничувањата во вашиот живот. Истовремено, ќе се соочите со претерувања од ваша страна и одредени фрустрации.

Периодот меѓу 9 март и 9 јуни ви носи големи предизвици, особено тешкотии во однос на финансиите. Одредени врски можеби ќе доживеат крај, а други пак големи конфликти и кризи.

Сепак, најубавиот период е оној по септември, а особено по 18 декември кога ве очекува добро здравје и солидна заработувачка. Тоа ќе биде и време на оптимизам и среќа и период кога ќе ги добивате нештата полесно од вообичаено.

Иако генерално ова ќе биде стресна година за вас, сепак ве очекуваат многу новости и можности кои ќе ве направат исполнети и среќни.

 

ЈАРЕЦ

Вашиот хороскоп за 2016 година носи многу сличности со претходната. Оваа година можно е да донесе нова романса  за која ќе ви биде потребно да бидете претпазливи,  пред да постигнете баланс во односите со личноста со која ќе стапите во врска.

Оваа година претпоставените и вашите блиски генерално ќе бидат попријателски настроени, помагајќи ви во исполнување на вашите лични и професионални цели.  2016 е година која ќе донесе и мал пресврт бидејќи ќе ја отргне несигурноста која е наталожена од претходната година.

Најдобриот период ве очекува меѓу 20 февруари и 20 јули бидејќи ве очекуваат многу можности за добри инвестиции и заработувачка, но и добри финансиски договори. Вашите лични врски ќе имаат позитивна нота и ќе се соочите со позитивен личен развој и самодоверба.

Периодот меѓу 7 и 27 октомври носи оптимизам и верба во себеси. Овој период носи голема шанса за раст, успех и среќа. Ќе почувствувате потреба да ги раширите своите хоризонти, да пробате нови нешта, подобри и поголеми работи и да се забавувате повеќе. Но, важно е да се насочите на нештата кои ви се навистина важни и кои можете да ги постигнете доколку не барате премногу.

 

ВОДОЛИЈА

Оваа година нуди права линија со вас, со малку компликации на патот. Сепак, главниот аспект ќе биде ставен на вашите лични односи и сексапилност. Постоечките односи и врски имаат моќ да преминат во повисоко ниво, и врски со еднаквост меѓу двата партнери. Сепак, голема е можноста и за почеток на нешто ново, во што сепак нема така лесно да се втурнете.

Во периодот меѓу 17 април и 30 мај ве очекува период на моќен сексуален живот и силни желби и потреби. Вие ќе зрачите со сексапилност, но и со силна енергија и сексуална моќ, што ќе ве направи многу атрактивни за другите.

Најдобрите можности за среќа и успех за вас доаѓаат во перидот меѓу 7 септември и 27 октомври коа Јупитер ќе ве почести со оптимизам, позитивен дух и самодоверба. Вашите лични односи ќе бидат збогатени со вашиот позитивен став и дружељубивост што ќе придонесе и за позитивен личен развој и зголемена самодоверба.

Периодот  меѓу 7 и 22 мај е најхаотичниот дел од годината за вас. Тоа ќе придонесе за зголемување на вашите активности, но и хаос во целокупното функционирање на лично и професионално ниво. Иако ќе биде тешко, обидете се да се држите до рутината и да не вршите притисок на останатите, околу вас. Избегнете донесување на важни одлуки и секогаш проверувајте ги донесените одлуки и извршените задачи по два пати.

 

РИБИ

2016 година носи неколку предизвици и тешкотии за вас, но сепак ќе биде подобра година од 2015. Нема да се соочувате со истите тестирања и исцрпувачки разговори ако во претходната година и главниот фокус е насочен кон исполнувањето на вашите цели.

Периодот меѓу 20 февруари и 20 јули ќе ја зголеми вашата желба за напредување и постигнување успеси. Но, важно е да бидете скромни и да не претерувате.

Од 9 март до 9 јуни ве очекува внатрешна тензија, со оглед на тоа дека ќе се соочите со критиките од страна или пак ограничувачките фактори во вашето секојдневие.  Сепак, периодот меѓу 11 и 26 јуни носи унаппредување во кариерата, но и зголемено богатство и моќ. Патувањата кои ќе се случат во овој период исто така ќе ви донесат нови можности.

Крајот на годината е совршен за стекнување нови пријатели, бидејќи вашите социјални вештини и харизма ќе бидат збогатени и ќе се чувствувате навистина сигурно што и да правите. Пријателите кои ќе ги стекнете во овој период ќе останат ваши пријатели до крајот на животот.