Ѓорѓиевски: После неколку децении, населбaта 11 Октомври - Бараки добива нови улици и два нови паркови!

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, на својот Фејсбук профил најави дека после неколку децении, Кисела Вода ќе добие два нови паркови.

- Населбaта 11 Октомври - Бараки добива нови улици и два нови паркови! Денес, заедно со Иван Медо Живковски го означивме стартот на градежните зафати за рехабилитација на неколку улици во населбата 11 Октомври - Бараки, кое беше барање на жителите и мое ветување кон нив. Се работи за обнова на површина од околу 2500m2 која опфаќа краци од ,,Трајко Иванов”, ,,Лазар Димитров” и ,,Петар Драпшин”, а во периодот што следи ќе ги реконструираме сите улици. Паралелно, на голема површина се градат и два паркови кои ќе бидат ново место за одмор и рекреација за жителите од овој дел на Кисела Вода, модерни, хортикултурно уредени и со нова урбана опрема. Подобрувањето на патната инфраструктура е значајна за развојот на нашата општина, а ние и понатаму ќе продолжиме да ја модернизираме и уннапредуваме Кисела Вода, затоа што мојот народ заслужува! Во мојот мандат, нема да има неасфалтирана улица, истакна Ѓорѓиевски.