Ѓорчепетровци наместо осмомартовски подароци ќе донираат за лекувањето на Лео

И општина Ѓорче Петров се приклучува кон хуманитарната акција за помош за лекување на младиот Лео. 

Како што соопшти градоначалникот Александар Стојковски поднесена е иницијатива од страна на хумани граѓани за спроведување на хуманитарна акција под мотото „За овој 8 Март подари поинаков подарок“.

- Јас како градоначалник и ние како општина Ѓорче Петров ја поддржуваме оваа иницијатива и се приклучуваме кон истата. Акцијата се спроведува во општинските основни училишта и градинки, порача Стојковски и додаде: 

- Да го стоплиме мајчиното срце, да ја гушнеме мајката на Лео и да и подариме насмевка. Да ги уплатиме наменетите средства за 8- Мартовски подарок на сметката на Лео. Да помогнеме тој набргу да се врати во својот дом и да и подари вистинска прегратка на својата мајка, порача првиот човек на општината.