Гир очекува спроведување на уставните измени

Евроамбасадорот Дејвид Гир не сака да коментира изјави кои се дадени во предизборната кампања. Прашањето до амбасадорот се однесуваше на изјавата на Бујар Османи кој кажа дека уставните измени ќе бидат услов за формирање на идна влада.

„Ние сме во среде изборна кампања и не одговорам на прашања за политички прашања. Се разбира, очекуваме спроведување на уставните измени, кои ѝ овозможуваат на земјата да напредува на својот пат кон Европската унија. Сакаме тоа да се случи што е можно поскоро“, рече Гир.