Германскиот филм „Тони Ердман“ во сценарио и режија на Марен Аде вечер ќе биде прикажан во рамки на годинашното „Скопско лето“.

Филмот е драмска комедија која зборува за родителската борба за местото во животот на ќерката. Улогите ги толкуваат Сандра Хилер, Петер Симонишек, Томас Лојбл, Влад Иванов…

Филмот е добитник на награда за најдобар европски филм, а има добиено уште четири европски филмски награди. Номиниран е и за Златна палма, Оскар, Златен глобус, Цезар и БАФТА.