МОН со детали; Летен курс за германски јазик и култура во Австрија

Дипломатската академија во Виена известува за можноста за учество на летен курс за германски јазик и култура во Австрија, кој ќе се одржува од 7 до 25 август 2023 во Виена.

-Програмата е висококвалитетна и разновидна, во траење од четири недели и ги опфаќа посебните потреби и интереси на возрасните ученици (минимум 18 години) од целиот свет, објави МОН.

Летниот курс ќе опфати: интензивна обука на германски јазик (од почетно до напредно ниво); предавања за австриската политика, историја и култура; екскурзии во национални и меѓународни организации, како и културни институции во Виена; истражувачки проекти во градот со цел да им се даде можност на учесниците потемелно да ја запознаат Виена и слободни активности.

Информации и детали за пријавување се достапни на линк.