Герасимовски: 70% од изградбата на новата градинка „Пролет“ се завршени

Интезивно се работи на изградбата на новата градинка „Пролет“, кровот и енергетската фасада се готови и сега се работи на внатрешноста во објектот објави на социјалните мрежи градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски

- “Завршено е поставувањето на електричната и водоводната инсталација, поставени се сите преградни ѕидови како и противпожарните врати кон подрумските простории, пристигнати се поголемиот дел од елементите во кујната кои се по најсовремен хасап систем. Децата во градинката Пролет секојдневно ќе добиваат свежо приготвена храна само за нив и истата ќе им се доставува преку посебен лифт. Пристигна и опремата за греење и ладење, поставен е и лифтот за децата со инвалидитет и попреченост во движењето како и рампите за влез и излез во подземната гаража“ напиша Герасимовски

Тој притоа посочи дека со изградба на оваа градинка се решава долгогодишен проблем за сите родители кои децата ги носат во градинките во другите населби.