Гази Баба ќе реализира проект за реконструкција на дотраените кровови на 10 станбени згради

Општина Гази Баба ќе го реализира проектот за реконструкција на дотраените кровови на 10 станбени згради на нејзината територија, дознава Билд.

Објавен е огласот за изработка на техничка документација, како предуслов за реализација на планираните градежни зафати. За неопходната документација ќе се одвојат околу 500.000 денари и истата би се подготвила во период од 60 дена. Заинтересираните субјекти имаат рок до 16 март за да ги достават понудите за изработка на техничката документација. По комплетирањето на сите документи, општина Гази Баба ќе пристапи кон реконструкција на крововите на избраните згради.

Оваа скопска општина пред една година го објави јавниот повик за финансиска поддршка на станарите при реконструкцијата на покриви, лифтови и фасади на станбени згради. Овој повик беше реализиран по принципот „прв дојден, прв услужен“, но до денешен ден не е санирана ниту една станбена зграда на територијата на Газа Баба.