Фото: Пронајдена дрога во Скопје, две лица се приведени

Полициски службеници од СВР Скопје - Единица за недозволена трговија при СВР Скопје денеска ги лишиле од слобода И.Д.(42) и А.А.(43), двајцата од Скопје.

Како што информира МВР, при претрес во домот на И.Д, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени хероин и дигитална вага. Исто така, во домот бил затекнат А.А.

- Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.