Фото: Над 3.000 дечиња го пречекаа Дедо Мраз во Автокоманда

Синоќа на плоштадот во Автокоманда се собраа над 3.000 дечиња кои го пречекаа Дедо Мраз, а градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски им се заблагодари.

- Нема ништо повредно на светот од детската насмевка и среќа.А среќата е единственото нешто, кое додека се дели, истото се зголемува. Им благодарам на над 3000 дечиња и родители кои вечерва се собраа на плоштадот во Автокоманда за заедно да го дочекаме Дедо Мраз, напиша Стефковски.

Овој новогодишен настан од оваа година ќе прерасне во нова традиција во општина Гази Баба, најави градоначалникот.