(Фото) Министерот Османи го покажа новородениот син

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, објави фотографија од новородениот син, кој како што претходно рече, ќе се вика Луан.

Функционерот на ДУИ стана татко по трет пат, а веќе има еден син и една ќерка.

Јавно преку социјалните мрежи и се заблагодари на својата сопруга Валбона.