Фондот не дал пари за Леонид зошто животот не му бил загрозен, нема да дадат ниту за рехабилитација

На денешниот брифинг со новинарите директорката на ФЗО Магдалена Филиповска Грашкоска, рече дека фондот нема да му даде пари на Леонид Индов ниту да продолжи со рехабилитацијата. Таа дополни дека даваат пари само ако тој бил во животозагрозувачка состојба.

Директорката ги обвини докторите од Лекарската комисија поради нецелосните документи и посочи дека таму не била наведена интервенцијата која го упатува детето во странство. Грашковска кажа дека Леонид може да се лекува и тука во Македонија ама не знае каде може да се добијат тие здравствени услуги

- “Не даваме пари ни за рехабилитација во Македонија. Има четири случаи за рехабилитација од овој тип досега. Параплегија не се лекува, Фондот дава пари само за лекување, а ова е само за рехабилитација, па не може да даваат пари за лекување за такви состојби. Болницата е клучниот проблем бидејќи не објаснила добро, па Фондот нема поим и не е виновен“ рече Филиповска Грашкоска.

Таа објасни дека кај Индов се очекува да се прави рехабилитација која содржи стимулација на дијафрагма, електростимулација, говорни вежби, шема за дефекација, трансфер и инвалидска количка.