Македонската нација на лечење - препишани над милион „диазепами“

Потрошувачката на лекови на рецепт на товар на Фондот преку аптеките бележи континуиран раст во изминатите години.

Во 2017 година на товар на ФЗОМ во ПЗУ аптеките биле реализирани вкупно 23.090.780 рецепти во износ од 2.786.093.249 денари Во споредба со претходната година, во 2017 година бројот на рецепти е зголемен за околу 3,7%, a вкупниот фактуриран износ е зголемен за околу 6,1%.

Во однос на 2008 година, потрошувачката по број на рецепти бележи раст од 124,5%, а а вкупниот износ за истите е зголемен за 111,2%.

Просечната потрошувачка на лекови, според бројот на реализирани рецепти по осигуреник, за 2017 година е 13,1 рецепти, што претставува раст од околу 9,01% во однос на 2016 година.

Раст на просечниот број рецепти по осигуреник во 2017 година, во однос на 2016 година, се забележува во сите региони. Најголема потрошувачка на лекови според бројот на реализирани рецепти по осигуреник е забележана во источниот регион со 15,49 рецепти по осигуреник, каде се забележува и процентуално наjголемо зголемување на просечниот број на рецепти во однос на 2016 од приближно 12%.

Најмала потрошувачка на лекови, според бројот, на реализирани рецепти по осигуреник е забележана во Полошкиот регион со 9,78 рецепти по осигуреник Како и во изминатите години, во 2017 година доминира потрошувачката на лековите за кардиоваскуларниот систем.

Лековите од оваа група бележат постојан тренд на раст. Во 2017 година се реализирани околу 10 милиони рецепти, што во споредба со претходната година покажува зголемување за 3,7% во бројот на рецепти за оваа група на лекови. На второ место според бројот на реализирани рецепти се лековите со дејство на централниот нервен систем.

Во 2017 година оваа група бележи пораст од околу 4,04% во однос на 2016 година. Исто како и во претходните години, во 2017 година на трето место според бројот на реализирани рецепти се лековите од групата на лекови со дејство на дигестивниот тракт и метаболизмот.<Потрошувачката на антиинфективните лекови (антибиотици, антимикотици, антивирусни лекови), кои се наоѓаат на четврто место според бројот на реализирани рецепти е намалена за околу 6,4% во однос на 2016 година.

Во однос на фактурираниот износ за лекови, за најголем дел од лековите се забележува зголемување, а исклучок се антиинфективните лекови за системска употреба и лековите кои делуваат на сензорни органи каде има намалување на износите. Во структурата на средствата за лекови по групи, како и по бројот на рецептите, доминира групата на лекови за кардиоваскуларниот систем