Филипче: Матичниот лекар треба да ги следи пациентите кои се на домашно лекување од корона вирусот

Лицата со лесна форма на болеста и без ризик за компликации се лекуваат во домашни услови. Матичниот/семеен лекар треба да биде вклучен во надзорот на здравствената состојба со следење на развојот на симптомите преку дневни телефонски повици и доколку е можно, преку посети во домот на пациентот, објави на својот ФБ профил министерот за здравство Венко Филипче.