Еве колкава е просечната големина на вагината - Можеби ќе се изненадите

Дали можете да погодите колкава е просечната вагина? Можеби ќе се изненадите од одговорот.

Често се зборува за големината на пенисот, но што е со вагината? Без разлика дали мислите дека нема со што да се пофалите, или ако мислите дека имате „чудовиште“ во гаќите, излегува дека немате причина за загриженост.

Еве зошто: како и да се сврти, просечната вагина е длабока помалку отколку што е долг просечниот пенис во ерекција, и токму тоа е причината поради која на жените не им значи толку големината на пенисот на партнерот, отколку што тоа му значи нему самиот.

Научниците Вилијам Мастерс и Вирџинија Џонсон биле првите кои темелно му се посветиле на ова прашање уште во далечната 1966 година. Тие ги мереле „женските делови“ на 100 жени кои не раѓале и утврдиле дека просечната длабочина на вагината е помеѓу 7 и 8 сантиметри, кога жената не е сексуално возбудена.

Но, кога жената е расположена за секс, вагината слично како и пенисот се менува и станува „подлабока“, досегнувајќи длабочина од 11 до 12 сантиметри, што значи ако вашиот пенис во ерекција е околу 12 цм долг, немате причина за грижа.

Последните студии, во кои биле вклучени и жени кои раѓале, ги потврдиле овие податоци. Најмалата вагина била длабока 6.9, а најголемата 14.8 цм.

Оваа информација значи дека се` е во ред за мажите кои се наоѓаат во златната средина.

Ако се прашувате каква е ситуацијата со пенисите, еве ги бројките: пенисот во ерекција е долг во просек околу 13.2 цм, неговиот обем е околу 11.7 цм. Во нормална состојба, неговата должина просечно изнесува 9.1 цм, а неговиот обем е 9.3 цм.