Едноставни начини за ресетирање на расположението

Кога се чувствувате уморни, вознемирени или тажни без причина, тешко е да најдете начин едноставно да го надминете тоа.

Photo by Kyaw Tun on Unsplash

Но, постојат мали нешта кои можат да ви помогнат да го ресетирате своето расположение и да почнете од почеток.

Бидете присутни

Не размислувајте што би било кога би било. Голем дел од луѓето кои се тажни или депресивни, често размислуваат и се загрижени за иднината или пак минатото. Психолозите често даваат многу совети за ваквите ситуации, но еден од нив е познат како 5-4-3-2-1, што значи дека треба да седнете во пријатна атмосфера и да го направите следното: опишете пет работи кои ги гледате, четири работи кои ги слушате, три работи кои ги мирисате, две нешта кои можете да ги вкусите и едно нешто чиј мирис го чувствувате. Ова е одлична активност за да останете присутни во сегашниот момент.

Дозволете си да ги чувствувате емоциите

Дозволете си да чувствувате. Не се плашете од емоциите. Дајте си дозвола да плачете. Самото потиснување на емоциите нема да ви помогне на долг рок. Кога ќе ги прифатиме емоциите, можеме да ги проживееме и тие да бидат дел од нашето патување. 

Запишете како се чувствувате

Ако вашиот ум е обземен од збунувачки мисли и грижи, запишете сè и извадете го од тоа од вашиот систем, предлага д-р Џамбазијан. „Направете навика да ги запишувате вашите мисли и чувства“, вели таа. „Ова ќе помогне да ги прифатите вашите емоции и чувства наместо да ги потиснувате“. 

Дишете и издишете длабоко

Природен инстинкт на вашето тело е да вдишува и издишува, но свесното и намерно дишење може да направи чуда за ослободување на негативноста, ресетирање на вашите чувства и подобрување на вашето расположение.

„Со фокусирање на свесно продолжување и забавување на здивот, отчукувањата на срцето се забавуваат и го активирате вашиот парасимпатичен нервен систем“, објаснува др. Ендрјус. „Ова го става вашето тело во физиолошки помирна состојба наречена „состојба на одмор и релаксација“. 

Пробајте го следното:

Најдете удобно место за седење.

Вдишете длабоко и наполнете го стомакот со воздух.

Додека издишувате, испуштајте го звукот „ву“ (треба да звучи како магла) онолку долго колку што можете, така правите да ви биде удобно. Дозволете звукот да вибрира низ целото тело.

Направете пауза и забележете како се чувствувате. Повторете 2-3 пати.

Најдете причина да се насмеете

Смеата има докажани физиолошки и психолошки бенефити за нас, кои му кажуваат на телото дека е во сигурна состојба. Затоа, насмејте се со пријателите, изгледајте смешно видео или пак направете нешто на што самите ќе се насмеете. Тоа гарантирано ќе ви помогне да го подобрите расположението и да продолжите со својот ден.